Лошото време ги избрка гостите од плажите, но затоа ги наполни кафетериите во центарот на Охрид. И додека на плажите вчера гостите можеа да се избројат на прсти, на терасите и во кафетериите на плоштадот се бараше маса повеќе. Раздвижено беше и по чаршијата и дуќаните.
Синоптичарите предвидуваат пораст на температурите во наредните денови иако облачноста ќе се задржи до вторник. Дел од гостите поради лошото време си заминаа од Охрид, а останатите се надеваат дека час поскоро тоа ќе се поправи за да можат да уживаат во благодетите на Охридското Езеро.
Ohridnews
фото: Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com