Каналот кај Билјанините извори е омилено шеталиште на охриѓани, а и на бројните гости. Нема кој не дошол во Охрид а да не прошетал натаму. Каналот е извонредно место за рекреација каде секојдневно голем број спортски риболовци ловат риба.Се е прекрасно освен нашите навики.

Кај и да се заврти човек насекаде отпадоци. Остатоци од најразлични амбалажи пливаат во каналите наспроти големиот канал, а ништо подобра не е сликата и во пресушените ендеци на чие дно трули ѓубре. Иронијата да е поголема на педесетина метри растојание поставени се неколку корпи за отпадоци на јавното комунално претпријатие кои се речиси празни. Изгледа на несовесните граѓани им е полесно да фрлаат отпадоци кај ќе стигнат. Така ќе биде се додека таквите граѓани се толерираат и не се казнуваат.


празни корпи полни ендеци

Горан Момироски