Православните христијани утре ќе го одбележат денот на Свети Наум Охридски -Чудотворец. По тој повод во манастирот што го носи неговото име во Охрид  утре со почеток во 8:45 ќе се одржи света архиерејска златоустова литургија.

На 6 јануари, Бадник, во сите парохиски цркви во Охрид од 7 :30 ќе се одржи утрена со царски часови.

По повод рождеството Христово, Божиќ, в среда, на 7 јануари, во Црквата „Свети Никола“-Геракомија ќе се служи света архиерејска златоустова литургија  што ќе започне во 8:45 часот. Од 8 и 30 ќе се одржува света златоустова литургија во сите парохиски цркви, а богосужби нема да има во манастирот на Плаошник.

На вториот ден од Божиќ, 8 јануари, во  манастирот на Плаошник е предвидена света архиерејска златоустова литургија што ќе започне во 8:45 часот. Свети литургии на 8 јануари ќе има  во сите цркви во Охрид, освен во варошката парохија.

На 9 јануари, православните христијани ќе го одбележат денот на Свети Стефан со света литургија од 8:45 часот во сите цркви во Охрид. Свети литургии од 8:30 часот ќе има во манастирот „Свети Стефан“ во Охрид, како и во црквата „Свети Врачи Козма и Дамјан“. Во плаошкиот манастир на 9 јануари нема да има богослужби.

Ohridnews