Православните христијани вечер ќе ја пречекаат Православната Нова година, која според Јулијанскиот календар почнува утре кога се празнува Свети Василиј Велики- Василица.
Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.
Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.
Празникот во Македонија се одбележува така што доцна на 13 јануари, луѓето се собираат надвор од своите куќи, во центарот на нивните населби каде што палат оган и пијат и јадат заедно. Се пее традиционална македонска музика. За оние што остануваат дома, традиција е да јадат домашна пита со паричка внатре. Кој ја најде паричката во својот дел, се вели дека има среќа во текот на годината.
Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден.
OhridNews