Плиткото дишење му го скратува на телото потребниот кислород и го нарушува здравјето на ќелиите и на целиот организам. Една американска студија утврдува дека луѓето, во просек, користат само 20 проценти од белите дробови.


Причината за тоа е што го користат само горниот дел од белите дробови, а потполно го игнорираат средниот дел и стомакот. Така спречуваат дотек на есенцијални витамини и минерали и губат енергија.

Кислородот е неопходен за ослободување на телото од отровите и за нормално функционирање на сите органи. Експертите тврдат дека плиткото дишење може да предизвика и промени во расположението или депресија, бидејќи помалку кислород влегува во мозокот.