Целата нега е воглавно усмерена кон лицето и косата. Но, што е со негата на вратот и деколтето кои толку често се запоставувани и едноставно прескокнати? Иако изгледа како да не е толку важна, негата на вратот е и тоа како важна, бидејќи кожата на него е многу тенка и чувствителна.

Преку кожата на вратот можеме да видиме дали особата правилно се грижи за кожата и на кој начин. Исто така, со помош на кожата на вратот, најбрзо се забележуваат знаците на стареење. Ви претставуваме методи со помош на кои правилно може да го негувате вашиот врат и деколте.

Дерматолозите препорачуваат еднаш неделно да се направи пилинг на вратот и деколтето за да се отстранат изумрените клетки и така подрачјето да биде понежно и помеко.

Пилингот најпрво нанесете го на вратот, а потоа на деколтето, па лесно масирајте ја кожата со кружни движења. Отстранете го со сунѓер натопен во вода за да можете во целост да го остраните од вратот и деколтето.

Наутро и навечер пред спиење би било добро користењето на хидратантен крем за врат и деколте, а ако немате при рака таков специјален крем, можете да го нанесете оној кој го користите за лицето.

Кај негата на вратот и деколтето важна е правилната и редовната нега која со време ќе покаже позитивни резултати и младешки изглед на кожата.

За еластичноста на кожата може да ви послужат и витамински маски од природни состојки.

Исто така е важно наизменично туширање со ладна и топла вода за циркулацијата во кожата повеќе да се поттикне и така вратот и деколтето да бидат што поубави и поцврсти.

 

извор: zanosna.com