Секој човек би морал да пронајде начин како да се ослободи од прекумерната количина на стрес. Стресот, за жал, е составен дел од животот и затоа би било добро да научите како да го котролирате. Малку стрес е сепак добар, бидејќи ја зголемува продуктивноста на човекот.
Правилата за контролирање на стресот се однесуваат на вашата способност да усвоите некои вештини со помош на кои ќе допринесете за квалитетен начин на живот и подобро чувство. Од преголемата количина на стрес можете да се ослободите со било кој облик на опуштање.
Важно е да пронајдете што ве прави среќни и поради што се чувствувате многу подобро. За некои е тоа шетање низ населбата, за некои различно хоби. Пронајдете активност која ве забавува, прочитајте ја омилената книга или направите сами украси кои ќе ви го разубават животниот простор.
Секој човек пред себе мора да има планови на кои им се радува. Потребно е нешто во иднина поради кое ќе бидете среќни. Безизлезноста може да доведе до очај и депресија.
За да го контролирате стресот, важно е да пронајдете начин за моментално опуштање. Се работи за едноставна вежба која можете да ја направите било каде и тоа за неколку минути. Пронајдете ја вашата најудобна положба, затворете ги очите и опуштете ги рамената, па намалете ја брзината на дишење за половина. Бројте до пет додека вдишувате и издишувате. Досегашните истражувања покажале дека со примена на едноставни техники на дишење, токму како што се прави на јога, е пат кон подобри чувства и борба против стресот. Обидете се да го совладате јога дишењето.
Нема да погрешите ниту ако се обидете со ароматерапија која ќе ви помогне да го ублажите стресот.
извор: savjetnica.com