Записниците и другиот изборен материјал 73-те избирачки одбори во Охрид  должни се да го доставуваат до Општинската изборна комисија во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записник и заедно со целокупниот изборен материјал го доставува до ДИК веднаш, а најдоцна 12 часа по завршувањето на гласањето.

ОИК првичните резултати за градоначалник и членови на совет, ги објавуваат во рок од седум часа по завршувањето на гласањето.

Конечните резултати од изборите за членови на совети и за градоначалници, ОИК треба да го објават најдоцна 24 часа од завршувањето на гласањето.

ДИК првичните резултати од изборите треба да ги објави  во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа по нивната конечност.

Секој подносител на листа на кандидати во постапка за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК подносителот на листата на кандидати може повторно во рок од 48 часа од приемот на решението, да поднесе жалба до Управиот суд на Република Македонија, кој пак по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

OHRIDNEWS