Изработката на нуклеарен реактор во кујната не е дозволена, но тоа сигурно не го знаел еден швеѓанин од градот Ангелхолм, кој поради таквото хоби на кратко завршил зад решетки. Неименуваниот нуклеарен ентузијаст реакторот го правел во кујната. Целиот материјал го набавил преку интернет, вклучувајќи и Гајгеров бројач, а за својот потфат демонтирал и детектори на чад, кои содржат мало количество радиоактивен материјал. Сите фази на градењето на реакторот детално ги опишувал на својот блог фалејќи се со своите успеси.
Полицијата го открила откако добила допис од нуклеарната електрана со која контактирал како би ги запрашал дали постои некоја препрека поединец да направи нуклеарен реактор во својот дом. Дознавајќи дека во соседството имаат човек со опасно хоби, жителите на Ангелхолм не изразиле загриженост, а својот сосед воглавно го опишувале како општествено неодговорен. Иако по неколку дена бил пуштен од затвор, тој бил обвинет за кршење на законот за сигурност со радиоактивните материјали.