Правата на лицата со попреченост да станат реалност
25.06.10 09:00
“Сите влучени! Правата да станат реалност” е новата кампања на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака, која има за цел да ги потикне надлежните институции во Македонија, во најскоро време да ја ратификуваат Конвенцијата на Обeдинетите нации за правата на лицата со пореченост.
-Конвенцијата на правата на лицата со попреченост е усвоена од Генералното собрание на ОН, на 13 декември 2006-тата година. Република Македонија ја потпиша оваа Конвенцијата на 30-ти март 2007-тата година, но сеуште ја нема ратификувано.-се вели во рекламниот материјал на кампањата.
Во него се објаснува дека Конвенцијата има за цел да го промовира, заштити и осигура целосното и еднаквото уживање на сите човекови права и основни слободи од страна на лицата со попреченост и да ја промовира почитта за нивно врoдено достоинство.
Доколку Република Македонија ја ратификува оваа Конвенција, ќе треба да ги спроведе сите обврски кои произледуваат од истата, да ги промени законите или да донесе нови закони со кои ќе се овозможи изедначување на можностите, еднаков тетман и услови за лицата со попреченост, во сите делови од општественото живеење.
Врвни содржини од областа на музиката, театарот, балетот и визуелни доживувања, со уметници од целиот свет ќе има можност да види публиката на 65 издание на фестибалот „Охридско лето“ Ова беше нака...
Компанијата ЛТХ Леарница Охрид е одликувана како прв Златен партнер на Машинскиот факултет во Скопје Соработката која постои помеѓу компанијата и Факултетот денес беше продлабочена со инвестиција н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.