Обезбедувањето во Рочестер затворот во Англија очигледно не е на своето ниво. Осудениот 20-годишен затвореник Јоланд Гива кој се нарекува Декстер прошверцувал мобилен и со негова помош се поврзал на Фејсбук.


На својата банда и порачал дека генералот наскоро се враќа. Исто така се пофалил и дека нашол девојка преку Фејсбук. За неговите другари да бидат информирани се пофалил дека редовно вежба и дека штом излезе е спремен за сударите со другите банди.