Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ до македонското собрание поднеле предлог-закон со кој лустрацијата треба да престане да важи од први септември годинава. Тоа ќе значи дека од тој датум Комисијата за верификација на факти нема мандат за покренување на нови постапки за лустрација, а се запираат и сите постапки за кои до 1 септември нема да се донесат решенија.
Како што предвидува законот, оние кои добиле решенија за лустрација од Комисијата нема да можат да работат јавна функција во период од пет години, според законот.
Артан Груби, шеф на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека оваа иницијатива дошла како владин предлог и е дел од препораките од последниот извештај на Прибе во кој стоеше дека власта треба да размисли за негово целосно повлекување.
Се очекува Предлог – законот да биде изгласан во Собранието, пред да заминат пратениците на годишен одмор.
OhridNews