Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Стефаноски, на покана на  претседателството, членовите и симпатизерите на огранокот на ТДП (Демократска партија на Турците) во Охрид, вчера беше на ифтар во Карабегомаала.


Пратеникот Стефаноски на ифтар

   
Во пријатна и срдечна атмосфера, по честитките за претстојниот најголем муслимански празник Рамазан, беше разговарано за основните проблеми на турската етничка заедница во Охрид. Тие на пратеникот Стефаноски му се пожалија на непостоењето на гимназиско средношколско образование во Охрид, поради што учениците од оваа етничка заедница се  приморани секојдневно да патуваат во Струга. Исто така биле искажани заложби за зачувување на културно-историското наследство од османлискиот период со особен акцент на реставрацијата на турбето во Имарет, а било побарано и  поголема застапеност на високообразовани кадри од турската етничка заедница при вработувањата во јавната администрација и доследна примена принципот за правична застапеност на сите етнички заедници. Претставниците на турската заедница, како што информираат од партијата, ја поздравиле неодамнешната иницијатива за редовни средби на пратениците со граѓаните и невладините организации  секој петок, во рамките на која беше организирана и вчерашната средба.

Ohridnews