Пратеникот Александар Николоски од Охрид, као шеф на делегацијата од Република Македонија, деновиве учествува во работата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во Стразбур, Франција.

Имајќи предвид дека Република Македонија претседава со Комитетот на министри од мај до ноемеври оваа година, на оваа сесија пред парламентарците свое обраќање и размена на мислења имаше министерот за надворешни работа на Република Македонија, Антонио Милошоски во функција на претстедател на Комитетот на министри на Советот на Европа.

На 24 јуни се очекува свое обраќање да има и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Оваа сесија е во знакот на земјите од регионот, па свои обраќања ќе имаат и Претседателот на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ и премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.   

Според дневниот ред, теми на дикусија се: буџетот и приоритетите на Советот на Европа за 2011 година, состојбата на Косово и улогата на Советот на Европа, Ромите во Европа, договорите за реадмисија и програмите за враќање на нелегалните мигранти, исламот, исламизмот и исламофобијата во Европа, политичките последици на економската криза и друго.

OhridNews