Во рамките на посетата на Канада охридскиот пратеник, Александар Николоски присуствуваше на прославата по повод педесет годишнината од основањето на најголемата асоцијација на Македонци во Канада- “Обединети Македонци”. На вечерата присуствувал и Премиерот на Канада Стивен Харпер, како и министерот за имиграција и мултикултурализам Џејсон Кени. Александар Николоски остварил средба со нив на која била реафирмирана подршката која Канда ја дава на Република Макдеонија за одбрана на уставниото име и членство во НАТО. Николоски притоа ја истакнал благодарноста на Република Македонија за признавањето на нашата држава под нејзиното уставно име и подршката која Канада ја дава за членство на Македонија во НАТО.
Во своето обраќање на прославата по повод педесет годишнината од основањето на најголемата асоцијација на Мекдонци во Канада- “Обединети Македонци” пратеникот Николоски ја истакнал големата подршка која Владата и Парламентот на Република Македонија ја даваат на дијаспората, меѓу другото и со промената на изборниот законик со кој дијаспората ќе може да гласа, а и се заблагодари за се што македонската дијаспора прави за помош и лобирање за Македонија во Канада.
При посетата на Торонто, пратеникот Николоски се сретнал и со претставници на црковните општини на Македонците при црквите Св. Димитрија, Св. Недела, Св. Илија и Св. Климент Охридски. Исто така сотварил средба и со организациите на Македонциоте во Кандата за човекови права и на децата бегалци од егејскиот дел на Макдонија. Во рамките на посетата на Канада пратеникот Александар Николоски, вчера во Отава имал средби со претседателот на Сенатот на Канада Ноел Кинсела, со амбасадорите во Канада на Австрија, Албанија, Бугарија, Германија, Хрватска, Литванија, Турција, Шведска и Словенија, а се сретнал и со Дипак Обраи- Парламентарен секретар на Министерството за надворешни работи, како и со Дејвид Тилсон- претседател на парламентарната асоцијација Канада- Европа, со кого имал работна вечера.