На редовната пролетна сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа, што започна вчера и ќе трае до 26 април во Стразбур,  Франција,  ќе учествува делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф на Делегацијата, Ермира Мехмети Деваја и Имер Алиу, членови.

Свое обраќање на пленарната седница ќе имаат четири шефови на држави и на влади како и министри и пратеници, а ќе биде претставен и извештајот за 2012 година. 

Теми за кои ќе се расправа на оваа сесија ќе бидат  пост-мониторинг дијалогот со Турција, насилството врз религиозните заедници, борбата против детскиот секс туризам како и рамнотежата меѓу бенефициите и ризиците од нанотехнологијата. 

Во рамки на оваа пролетна сесија покрај другите теми се очекува шефот на македонската делегација  Александар Николоски активно да учествува на секојдневните состаноци и на мониторинг комитетот- најбитниот комитете во ПС на Совет на Европа кадешто беше избран оваа година. Исто така се очекува тој да отвори значајни прашања поврзани со почитувањето на човековите права, по однос на извештајот на високиот комесар за човекови права на Совет на Европа Нил Мужниекс. На маргините на сесијата се предвидени се и бројни билатерални средби, како и свечено преставување на македонско- алзашкото друштво за пријателство.

OhridNews