Пратеникот Александар Николоски во својство на Претседател на македонската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа на 07 и 08 септември ќе биде во работна посета на Црна Гора, Ватикан и Италија.

Предвидено е на  07 септември да се сретне со пратеникот во Црногорскиот Парламент Радивое Никчевиќ претседател на Административниот одбор на Парламентот. Се очекува да се разговара за продлабочување на односите меѓу двата Парламента како и помеѓу двеете држави Македонија и Црна Гора.

Предвидено е на 08 септември Неговата светост Папата Бенедикт ЏВИ за членовите на Бирото на Парламентарното Собрание на Советот на Европа да приреди аудиенција. Имајќи предвид дека Македонија претседава со Советот на Европа пратникот Александар Николоски е член на Бирото. На аудинцијата ќе се разговара за активностите на Советот на Европа во насока на почитување на човековите и малцинските права, како и развојот на демократијата во Европа. Се очекуав во оваа пригода пратеникот Николоски во соодветна форма да ја реафирмира поканата до Неговата светост Папата Бенедикт ЏВИ да ја посети Македонија упатена во различни пригоди од Претседателот на Владата г. Никола Груевски и Преетседателот на Република Македонија г. Иванов.

Во рамките на посетата на Италија предвидено е претеникот Николоски покрај учеството во работата на Биротот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, да оствари средби и со пратеници во Италијанскиот Парламент на кои се очекува да бидат разменети мислења за состојбата во двете држави, како и со градоначалникот на Рим Џиани Алемано.

OhridNews