Пратеникот од Охрид Лазе Таневски од редовите на СДСМ на Фејсбук објави дека е заразен со корона вирусот.
Почитувани пријатели,
Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен.Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни.
Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.
Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.
Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам. Се гледаме наскоро. – напиша Таневски на Фејсбук.
Од Собранието, пак, вчера информираа дека позитивен на Ковид 19 ви е и пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски.
OhridNews