Охридскиот огранок на  ВМРО-ДПМНЕ продолжува со серијата прес-конференции. За денеска е закажана нова средба со новинарите.

Се очекува да зборува Цветко Грозданов, пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но не е соопштена темата на пресот.

Охридскиот огранок на партијата се почесто одржува прес-конференции на кои се изнесуваат ставови и критики за работењето на локалната власт, но партијата ги соопштува и нејзините поважни активности предвидени со програмата.

А. Ристоска