Пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ од Охрид го поднесоа, а пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ го надгради амандманот за евиденција и промоција на еко зоните во државата.

На денешната расправа во Собранието по предлог буџетот, надлежната комисија, на интервенција на Лазаревска го прифати предложениот изменет амандман со кој сумата од првично предвидените 1 000 000  денари за евиденција и промоција на еко зоните во Охридскиот регион и државата, се зголемува на 1 500 000 денари.

Кој вели дека не можеме да се договориме и усогласиме во ставовите кои се од интерес на граѓаните и државата?! – напиша на социјалните мрежи Лазаревска.

Г.М.