Изминатиот викенд во Охрид, целокупната пратеничка груша на ВМРО ДПМНЕ имаше обука што ја организираше германската фондација Конрад Аденауер.
Изминатите три дена бројни домашни и меѓународни експерти, пред се експерти од Германија, како и неколку пратеници од германскиот Бундестаг и министри од сојузната влада, учествуваа во обуката на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во однос на нивната целокупна работа, пред се во делот на настап во Собранието, делот на комуникација со граѓаните, делот на контрола над власта и делот на избори и изборни кампањи. – изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.
Тој нагласи оти продолжува континуираната соработка со фондацијата Конрад Аденауер, и дека вака голема обука се случува прв пат после најголемата обука во политичката историја на Македонија, во 2005 година.
Прв пат имаме толку интензивна и за прв пат толку голем обем обука која што беше во 2005 година, што зборува за еден сериозен напредок и зборува за односите кои што ги имаме со сестринската партија ЦДУ, како и со нивната фондација Конрад Аденауер. Се надевам дека пратениците ќе можат сите овие искуства да ги преточат и во Собранието, како и во битката која што очекуваме да ја водиме во текот на летото за предвремени парламентарни избори, кои што очекуваме да се случат заедно со локалните избори на крајот од октомври и почетокот на ноември оваа година. – рече Николоски.
OhridNews