Членот на Извршиот одбор на НСДП и поранешен претседател на огранокот во Охрид, пратеничката Мирјана Секуловска, ја напушти партијата на Тито Петковски и премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа својата одлука ја соопшти денеска  пред почетокот на  98-та седница на Собранието на која се расправа за Предлог-законот за високо образование.

Секуловска подолго време беше во отворен конфликт со лидерот на партијата, но и со другите членови на раководството. Настаните кулминираа по скандалот со државниот секретар во Министерството за одбрана, за кој Секуловка побара конкретна одговорност во партијата, по што уследи поништувањето на резултатите од изборната конференција на општинската организација во Охрид на која за претседател беше избран Лазо Ставрески нејзин близок соработник.

ohridnews