Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, в сабота, 9.02.2008. г. ќе одржи средба со граѓаните. Средбата насловена како „Прашајте го Градоначалникот“ ќе се одржи во големата сала на зградата на локалната самоуправа од 9 часот.

На средбата на која ќе присуствуваат и директорите на општинските Јавни Претпријатија како и членови на тимот – соработници на Градоначалникот,  граѓаните ќе може да побараат конретни и компетентни одговори во врска со работењето на општината.

Средбата се  организира, меѓу другото, и со цел да се надоместат обидите на граѓаните кои имале потреба да се сретнат со градоначалникот, но тоа не се реализирало заради негова презафатенист, соопшти локалната самоуправа.

ohridnews