Прасе со две глави за малку ќе го загубело животот во локалната кланица, но сопствениците во последен момент се предомислиле и одлучиле да го задржат како домашен миленик. Ветеринарите велат дека поради необичната состојба веројатно нема да живее долго. Сепак, сопствениците одлучиле наместо да го изедат да го задржат како домашен миленик.

Како што пишуваат медиумите, прасето од непознати причини на свет дошло со две глави, или подобро речено, со две усти. Ветеринарите рекле дека поради оваа многу ретка дефорамација животното тешко ќе преживее подолго време. Освен двете усти, прасето имало три ока.