Прамен од косата на Наполеон Бонапарта бил продаден за 13 илјади долари на аукција одржана во Нов Зеланд. Праменот бил отсечен на денот на смртта на францускиот император на островот Света Елена. За него владеело огромно интересирање помеѓу колекционерите од целиот свет.
Најдобрата цена ја понудил колекционер од лондон кој сакал да остане анонимен. Праменот бил еден од 40-те предмети поврзани со Наполеон кои донесле вкупна заработувачка од 100 илјади долари. Меѓу нив имало и неколку портрети кои ги насликал самиот Наполеон.