Прамен од коса, за кој се верува дека припаѓал на кралот на рокот Елвис Присли, минатиот викенд се продал за 15.000 илјади долари на аукција во Чикаго на анонимен телефонски понудувач.


Меѓу 200 предмети кои припаѓале на легендарниот пејач биле и маиците продадени за 52.000 долари, марами, записи,  фотографии од неговата венчавка, божиќни картички и многу музички плочи. Целата колекција припаѓала на поранешниот претседател на Присли фанк клуб и пријател на Елвис, Гери Пепер.

Ф.К.