Нашите далечни предци пателе од забоболка и лош здив уште пред 15 илјади години, значи пред појавата на земјоделството и производството на храна за која досега се веруваше дека е главен причинител за развој на кариесот, тврдат американските археолози врз основ на проучувањата на костури пронајдени во Мароко. Во студијата истражувачите наведуваат дека кариес е пронајден на повеќе од 50 проценти на забите на костурите на возрасните лица откриени во пештерата кај Тафоралт, источно Мароко.
Научниците претходно сметале дека праисториските луѓе немале проблеми со кариесот бидејќи сеуште не се занимавале со земјоделство, но објаснување за овој нов наод пронашле во плодовите кои древните луѓе ги собирале како би се прехраниле. Имено, желадите, боровоите семки и другите плодови се богати со јаглен хидрати кои ферментираат. Кога се задржуваат на забите, тое под дејство на бактериите предизвикуваат трулење. Изабела де Грут, една од учесничките во истражувањето, навела дека повеќето жители на пештерите имале кариес и гнојни процеси. Веројатно забите често ги болеле и имале лош здив. Зачестеноста и сериозноста на кариесот кои биле констатирани на забите на праисториските луѓе покажуваат дека слатките и газираните пијалоци не се единствени виновници за лошата хигиена кај забите и дека проблеми можат да предизвикаат и некои растенија.