Во Сибирската тајга постои еден дел кој русите го нарекуваат Остров на липите, каде растат дрва од предледеното доба. Не се знае точно зошто овој вид опстоил. Една од претпоставките е дека под островот постојат слоеви јаглен кои им даваат топлина на дрвата. Една експедиција на руски ботаничари се подготвува да испита зошто во таа сурова клима опстанале дрва кои бараат многу топлина.


Островот на липите го открил познатиот руски ботаничар Порфириј Крилов во 1881 година. Пред повеќе илјади години климата во Сибир била многу потопла и растеле голем број листопадни дрва. Сега тие билки исчезнале, а останале само нивни фосили во слоевите на камен јагленот. Сега тие билки се заменети со разни зимзелени дрва.