Неодамна руски параглајдерист при слетување во близина на авто кампот Љубаништа повреди дете, а негов сонародник се здоби со скршеници и беше хоспитализиран.
Серијата несреќи во кус временски период го отвори прашањето за безбедноста на трагачите по адреналински авантури, како што често се нарекуваат параглајдеристите. Галичица и живописниот охридски крај се атрактивни дестинации за параглајдеристите, кои не ја кријат својата воодушевеност од Охрид.
–Галичица е многу погодна за параглајдинг и одлична е за летање. Условите се прекрасни, а глетката преубава, вели словенецот Јака Горинц, неколкукратен светски првак во параглајдинг и учесник на Светскиот куп во Охрид.
Полна со импресии е и бугарската параглајдеристка Николина Илева.
– Прв пат летам тука и просто неверојатно е колку е убаво. Може да се лета долго и тоа е навистина прекрасно чувство, вели Илева.
Очигледно е дека ловците по авантури се водат од своите чувства во потрагата по адреналинска возбуда која овој екстремен спорт ја нуди во неограничени количини. Но токму контролата на чувствата и присебноста е пресудна за безбедноста на параглајдеристот, вели Киро Гиноски од „Делта“ клубот.
-Параглајдингот е безбеден онолку колку што сака пилотот. Ако пилотот рескира и слетува од Галичица со 200 ќе направи несреќа. Параглајдингот е безбеден онолку колку што сака пилотот, вели Гиноски.
Дали несреќниот Ранџеловиќ бил невнимателен и ја предизвикал судбината, или сплет на околности и ветер придонеле тој да загуби контрола врз леталото, се прашања на кои одговор треба да даде истрагата за несреќата која ја вознемири пошироката јавност.