Иако сите гледале со голем скептицизам на нејзиното дизајнерско деби, Викторија Бекам во само неколку години со својата модна приказна го покорила целиот свет. Освен што ги задоволила апетитите на секогаш гладните критики, Викторија со својот дизајн успеала да се инфилтрира во гардеробата на најголемите светски ѕвезди.
Кулминацијата на нејзиниот успех настапува оваа пролет, кога вечерните и коктел фустаните на Викторија ги освојуваат најпрестижните црвени килими ширум планетата. Откако имавме прилика да ги видиме на сите важни доделувања на филмски и музички награди, во јавноста се одлучиле да ги покажат и три добро за нас познати убавици: Камерон Дијаз, Миранда Кер и Рози Ханингтон-Вајтли.
извор: fashion.hr