Во 21 часот во црквата Св. Софија е настапот на рускиот пијанист Денис Мацуев.
Мацуев со светлечка брзина станал ѕвезда по неговата триумфална победа на 11-от меѓународен натпревар „Чајковски“ во Москва во 1998 и брзо се наметна како еден од најбараните пијанисти на неговата генерација.
Мацуев настапувал со стотици рецитали во најпознатите и најлегендарните концертни сали во светот. Исто така соработувал со најпознатите оркестри во светот како: Симфонискиот оркестар на Чикаго, Симфонискиот оркестар на Питсбург, Симфонискиот оркестар на Синсинати, Симфонискиот оркестар на Баварското радио, оркестарот Лајпциг Гевандхаус, Симфонискиот оркестар на БиБиСи, Лондонскиот симфониски оркестар, Лондонскиот филхармониски оркестар, Кралскииот шкотски симфониски оркестар, Филхармонијата на миланска „Скала“, Националниот оркестар на Франција, Оркестарот на Париз, Филхармонискиот оркестар на Радио Франс, оркестарот на Будимпешта фестивалот, Ротердамската филхармонија и Европскиот камерен оркестар, постојано е повторно ангажиран со легендарните руски оркестри како Филхармонијата на Санкт Петерсбург, оркестарот на „Марински“ театарот и Рускиот национален оркестар. Денис Мацуев редовно се појавува со најистакнатите диригенти на денешницата.