Авторот на филмските хитови “Blue Velvet”, “Eraserhead”, “Mullholand drive”, “Inland Empire” и други, американскиот режисер Дејвид Линч за весникот “Sunday Morning Herald”, изјавил дека повеќе нема да снима филмови.

Како што пренесеуваат светсите медиуми, причина за ваквата одлука на Линч било тоа што според него, квалитетните филмови не успеаваат да остварат солидна заработка, а филмовите кои се покажале како успешни тој не сака да ги работи.

Љубителите на седмата уметност сепак ќе може да уживаат во филмските мајстории на Линч кој го режира продолжението на култната серија “Twin peaks”, која премиерно ќе почне да се прикажува овој месец. Исто така Линч работи на документарецот посветен на неговиот уметнички живот.

OhridNews