Она што веќе подолго време се шушкаше низ Охридската чаршија станува вистина. Ванчо се враќа во диџеј кабината.

Познатиот радио водител и диџеј Ванчо Јованоски, познат како Џованоти, се враќа на старите патеки. Сетовите исполнети со проверена и со вкус одбрана музика и миксовите од доброто диско, фанк, хаус и џез, беа заштитен знак на забавите на Ванчо.

Не се сомневаме дека ќе биде така и сега, и дека после цели 19 години забавите со Ванчо повторно ќе бидат со одлична атмосфера и се разбира одличен избор на музика.

Враќањето на диџеј Ванчо е оваа сабота, 22 септември, од 21.30 часот, во прекрасниот амбиент на „LIQUID BOUTIQUE BAR & KITCHEN“ во хотелот „SU“ на градскиот кеј.

OhridNews