Познатиот трговски ланец „Топ Маркет“ на „Семафор комерц Р“ од денеска има ново – вонсезонско работно време. Сите маркети во ланецот ќе работат од 08 – 22 часот, освен Топ маркетот во комплексот „Парк“, кој ќе работи од 09 – 17 часот до 10 септември, кога овој објект се затвора.
Како што најави компанијата, од 1 октомври 2020 година „Топ маркет“, за прв пат во Охрид во поново време кога е во прашање трговијата, нема да работи во неделите, се до почетокот на наредната туристичка сезона април – мај 2021.
Доколку на лето навистина имаме потреба од продолжено работно време и работа 24-7, без оглед дали е празник или викенд, вон сезона тоа не е така. По завршување на шпицот на сезоната Топ маркетите нема да работат во недела, односно недела ќе биде неработен ден за сите наши вработени. Сметаме дека тоа не само што е неопходно, туку е и потребно како за мотивот на работниците, така и за трговските компании кои на овој начин решаваат многу проблеми и прават рационална заштеда. – изјавија за овој деловен потег од менаџментот на компанијата „Семафор комерц Р“ сопственик на трговскиот бренд „Топ маркет“.
OhridNews