Робески заработил неколку удари во главата и видлива повреда на окото, која му била санирана во тамошната болница. Актерот и водител Жанко минал со полесни повреди. Во изјава за медиумите тие кажуваат дека со ништо не го испровоцирале нападот, кој се случи непосредно по тешкиот инцидент во Охрид во кој белградски турист го загуби животот во тепачка. Овој настан според нападнатите охриѓани во медиумите во Србија имал нагласен публицитет.
Тие сметаат дека ваквите инциденти треба да завршат и апелираат истите да прстанат да се злоупотребуваат за нови насилства.
Нападот на охриѓаните бил пријавен во српската полиција, а за инцидентот била информирана и македонската амбасада во Белград.