Деновиве во Венеција се одржува еден од најпознатите каренвали во светот.

    
Карневалот официјално започна на 11ти февруари, а на церемонијата на отворањето на булеварот Свети Марко присуствуваа неколку илјади маскирани жители и туристи. Секоја година традиционално се одржува и главниот настан на овој карневал – „Лет на ангелите“, каде што максирана личност, која претставува ангел, се спушта од врвот на камбаната до најпознатиот венецијански булевар.

Карневалот ќе трае до 21ви февруари, кога свечено ќе биде завршен со групен бакнеж на полноќ и голем огномет  над венецијанската лагуна.

Инаку, познатиот венецијански карневал под маски за прв пат се одржал во 1926 година. Неколкупати бил забранет, последен пат за време на владеењето на Мусолини, па повторно почнал да се организира во 1979 година.

Оваа година, тема на карневалот е „животот е театар“ и по тој повод секојдневно ќе бидат организирани театарски претстави, концерти и балови.

Г.А.Ж.