Тони Скот кој зад себе остави незаборавни блокбастери како што се “Top Gun”, “Days of Thunder” и “Beverly Hills Cop 2”, во неделата извршил самоубиство скокајќи од мост.
68 годишниот режисер скокнал од мостот Винсент Томас во Лос Анџелес, а во неговата кола која била паркирана во близина било пронајдено писмо во кои се поздравува од најблиските.

Кариерата на Тони Скот започнала во 1983 со хоророт “The Hunger” кој не доживеал голем успех, но неговиот втор проект заработил над 350 милиони  долари и го започна растот на една од најголемите холивудски ѕвезди Том Круз. Тоа е филмот “Top Gun”, а после него следуваа “Beverly Hills Cop 2”, “Days of Thunder” и “The Last Boy Scout”, филмови кои го однесоа Скот на врвот. 
Скот во текот на неговата кариера има соработувано со најголемите холивудски ѕвезди како Роберт Де Ниро, Вил Смит и Бред Пит, додека Дензел Вашингтон му беше неговиот омилен актер со кој соработуваа на дури пет проекти од кои последниот е филмот “Unstoppable”.