За првпат во Охрид, овој петок, 17-ти јули, на плажата „Кадмо“ ќе наспапи популарниот и долго очекуван балкански изведувач Адил.

-Бидете дел од овој настан, заедно да ги испееме познатите хитови „Лаку ноч“, „Хитно“, „Љуби ме по сечању“, „Маскембал ” и многу други. – порачуваат од „Kadmo beach“. Пред настапот на Адил атмосферата ќе ја загрее Јоце Панов.

Картите, во ограничен број, во предпродажба чинат 200 денари и можат да се набават на следните продажни места: Кадмо бар, Кадмо плажа, Канео плажа и на градскиот плоштад.

Повеќе информации за настанот како и за резервации во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најпосетуваниот интернет портал во регионот.

OhridNews