Во организација на Клубот на млади при Лајанс клуб Десарети, вечерва со почеток во 19 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ охриѓани ќе имаат можност да го проследат настапот на познатиот актер Васил Зафирчев кој ќе чита стихови од актерот Сашо Димоски.

По настапот на Зафирчев, во Центарот за култура, репризно, ќе биде изведена монодрамата „Дневникот на лудиот“ со Билјана Танеска, а во режија на Небојша Тодоровски.

OhridNews