Екипите на Тинекс Пролет, Радовиш, Прилеп и Зомимак заедно со Вардар и Металург ќе играат за титулата во ракометната Супер лига.


Со победите во последната рунда Тинекс Пролет, Радовиш и Прилеп над Преспа 32-18, Металург 35-25 односно Пелистер 28-24 ги заверија местата на табелата.

Во плејаут лигата каде се наоѓа и охридската екипа ќе бидат Преспа, Металург 2, Пелистер, Работнички и Текстилец.

Опстанокот на „гладијаторите“ не е загрозен туку е обезбеден пред стартот на плејатут и мечевите можат да послужат за дополнително воигрување на екипата.

Резултати : Преспа – Тинекс Пролет 18-32, Прилеп – Пелистер 28-24, Металург 2 – Радовиш 25-35, Работнички – Охрид.

Мх.П.