Вардар, Еурофарм Пелистер, Тиквеш, АЕК (Грција), ГУИФ Ескилстуна (Шведска) и домаќинот Струга ќе играат на 52. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2024“ што од 14 до 17 август ќе се одржи на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“.
Претседателот на организацискиот одбор Кирчо Јованоски информира дека наскоро ќе бидат одредени и групите и распоредот на натпреварите.
Среќни сме што традицијата продолжува и турнирот во Струга го задржува својот интернационален карактер. Ова е 52. издание што не прави особено горди како најдолговечен турнир на овие простори, со секогаш атрактивни екипи и уникатноста на играње на отворено. И оваа година ќе имаме шест екипи поделени во две групи, и натпревари во вечерни термини, изјави Јованоски.
Тој додаде дека и оваа сезона подготвуваат новини со кои, како што вели, турнирот ќе остане атрактивен за сите екипи.
OhridNews