Женскиот ракометен клуб Лихнид в недела во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе биде домаќин на завршниот турнир во кадетска конкуренција.


Ракометарките на Лихнид заедно со Металург, Куманово и Вардар СЦЈ ќе се борат за титулата. Ф4 турнирот ќе го отворат „китовите“ во 11 часот против Металург, додека во 12 часот и 45 на програмата е второ полуфинале меѓу Куманово и Вардар.


Финалните натпревари започнуваат во 18 часот со малото финале односо со мечот за третата позиција. Големото финале закажано е за 19:45 часот.

Распоред:

Полуфинале:

11ч. Металург – Лихнид

12:45ч. Куманово – Вардар СЦЈ

Финални натпревари:

18:00ч. натпревар за 3 (трето) место

19:45ч. Финале

OhridNews