НБА лигата ги објави имињата на играчите кој ќе бидат во петорките на Источната и Западната конференција на „Ол-Стар“ натпреварот. Капитени на тимовите се Леброн Џејмс (Запад) и Јанис Адетокумбо (Исток).

Леброн Џејмс во своето прво учество на „Ол-Стар“ натпреварот како играч од Западната конференција, во петорката ќе ги има Стеф Кари и Кевин Дурент од Голден стејт, Пол Џорџ од Оклахома и Џејмс Харден од Хјустон. Петорката на Источната конференција, покрај капитенот Адетокумбо ја формираа Кајри Ирвинг од Бостон, Кемба Вокер од Шарлот, Каваи Ленрд од Торонто и Џоел Ембид од Филаделфија.

Стартните петорки ги избраа навивачите, новинарите и кошаркарите. Имињата на резервите ќе бидат објавени за една недела. Во секој тим ќе има по седум резерви. 62-от „Ол-Стар“ натпревар ќе биде одигран на 17.февруари во Шарлот.

OhridNews