Репрезентациите на Македонија, Србија, Белорусија, Летонија, Црна Гора, Холандија, Португалија, Романија, Швајцарија, Словачка и Шведска ќе се обидат во дополнителните  квалификации да изборат пласман на Европското ракометно првенство што во 2008 година ќе се одржи во Норвешка.

Нив во баражот ќе им се придружат репрезентациите на Чешка, Унгарија, Исланд, Полска, Словенија и Украина, а ждребот ќе се одржи на 4 февруари во Грманија каде тек е Светското првенство. Бараж натпреварите ќе се играат во јуни.

Победниците во мајсторките ќе изборат пласман на ЕП, на кое директно се пласираа репрезентациите на Франција, Хрватска, Данска, Шпанија, Германија и Русија, како и домаќинот Норвешка.

Мирко Постолоски