завршницата дојдоа по триумфот во двомечот со Дрога Колинска од Неготино.
Така, за титулата победник на Купот на Македонија во машка конкуренција за сезоната 2007/2008 ќе се борат Струмица 2005, бранителот на куп-титулата Вардар Осигурување, потоа Фершпед Работнички, МЗТ Скопје, Свислајон Пелистер, Фени Индустри, Амак СП и Маврово.
Од елитното друштво, само Карпош Соколи не изрази желба да настапува во Купот.
Пред ждрепката на натпреварувачките двојки од четвртфиналето на Купот на Македонија, согласно со постоечките пропозиции за натпреварување во Купот, во онаа т.н. “привилегирана” група, ќе бидат екипите пласирани од 1. до 4. место во ланскиот шампионат, Струмица,
Фершпед Работнички, Вардар Осигурување и Свисслион Пелистер.
Во онаа другата, пак, ќе бидат сместени екипите пласирани од 4. до 7. место, поточно МЗТ Скопје, Фени Индустри, и АМАК-СП од Охрид, како и победникот во “квалификациите”, екипата на Маврово од Гостивар.
ПРВА ГРУПА
Струмица ;Фершпед Работнички ; Вардар Осигурување ;Свислион Пелистер
ВТОРА ГРУПА
МЗТ Скопје ; Фени Индустри ; АМАК- СП ;Маврово