Во НБА лигата познати се сите учесници во разигрувањето.
Во плеј-ин на Истокот ќе се сретнат Орландо Меџик (7) и Атланта Хокс, односно Чикаго Булс (9) и Мајами Хит (10). Победникот од натпреварот помеѓу 9-от и 10-от ќе се сретне со поразениот од мечот помеќу 7-от и 8-от. Победникот ќе игра во плеј-офот со најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната Кливленд Кавалирс. Победникот од мечот помеѓу 7-от и 8-от на истокот ќе се сретне со актуелниот првак Бостон Селтикс (2). Другите двојки од плеј-офот во Источната коференција ги сочинуваат Индијана Пејсерс (4) – Милвоки Бакс (5), односно Њујорк Никс (3) – Детроит Пистонс (6).
На Западот во плеј-ин ќе се сретнат Милвоки (9) и Сакраменто Кингс (10), односно Лос Анџелес Клиперс (7) и Мемфис Гризлис (8). Победникот од натпреварот помеѓу 9-от и 10-от ќе се сретне со поразениот од мечот помеќу 7-от и 8-от. Победникот ќе игра во плеј-офот со најдобриот тим од регуларниот дел на Западот – Оклахома Тандер, додека победникот од мечот помеѓу 7-от и 8-от на истокот ќе се сретне со Хјустон Рокетс (2). Плеј-офот на Западот го комплетираат ЛА Лејкерс (3) – Минесота Тимберволфс (6) и Денвер Нагетс (4) – Голден Стејт Вориорс (5).
Плеј-ин турнирот се игра од 15-18 април, а плеј-офот стартува на 19 април.