Белгиски Антверпен, дански Копенхаген и холандски ПСВ се последните патници во групната фаза од фудбалската Лига на шампиони, откако синоќа се одиграа завршните три плејоф реванш натпревари.
Антверпен триумфираше со 2-2 на гостувањето во Атина и со вкупни 3-1 го елиминираше АЕК, а Копенхаген ја задржа предноста од 1-0 од првиот натпревар во Полска, откако на домашен терен одигра 1-1 против Раков. Предноста на домашниот терен ја искористи ПСВ, кој по ремито 2-2 пред една недела во Шкотска, триумфираше над Глазгов Ренџерс со 5-1.
Пласман во групната фаза во елитното европско клупско натпреварување преку плејофот во вторникот обезбедија Брага, Галатасарај и Јанг Бојс.
Преостанатите 26 екипи кои ќе се најдат во денешната жрепка во Нион за составот на групите се Арсенал, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Њукасл, Атлетико Мадрид, Барселона, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Севиља, Баерн, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Унион Берлин, Интер, Лацио, Милан, Наполи, Ленс, ПСЖ, Бенфика, Порто, Феенорд, Салцбург, Селтик, Црвена ѕвезда и Шахтјор Доњецк.
OhridNews