Познати се сите селекции кои ќе учествуваат на Светското првенство во кошарка кое ќе се одржи во Кина од 31 август до 15 септември оваа година.
Ждрепката за изгледот на групите е закажана на 16 март во Шенжен, а амбасадор на собирот на најдобрите репрезентации е легендата во НБА лигата, Коби Брајант.
Најголем број на селекции доаѓаат од Европа, а тие ќе имаат задача да го симнат САД од тронот кој не се знае со каков состав ќе допатува.
Учесници:
Европа: Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Литванија, Црна Гора, Полска, Русија, Србија, Шпанија, Турција
Америка: Аргентина, Бразил, Канда, Доминиканска Република, САД, Порторико, Венецуела
Африка: Ангола, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Сенегал, Тунис
Азија и Океанија: Австралија, Кина, Иран, Јапонија, Јордан, Нов Зеланда, Филипини, Јужна Кореја
OhridNews