Шест екипи од Македонија и странство од 14 до 17 август ќе бидат дел од 47-то издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“.

Македонската честа на теренот „Женска Плажа“ покрај Охридското езеро ќе ја бранат Еурофарм Работник, Бутел Скопје и домаќинот Струга, додека од надвор доаѓаат романските екипи Констанца и ЧСМ Букурешт и шведскиот состав Еклистуна Гуиф.

Стружани после една година кога организираа турнир со осум екипи ќе се вратат на стариот систем и турнирот ќе брои шест екипи. Три денови ќе се играат по два натпревари, а последниот на 17 август ќе се разигрува за титулата, треттото и петтото место.

Меѓународниот турнир во Струга е еден од најстарите во Европа и најпривлечен бидејќи натпреварите се играат на отворено и пред многубројна публика.

OhridNews