Унгарски Веспрем и дански ГОГ Гудме се последните патници во четвртфиналето во Лигата на шампиони во ракомет.

Веспрем синоќа во реваншот од осминафиналето во унгарската пресметка го порази ПИК Сегед со 38-33, потврдувајќи ја убедливата победа од 36-23 од првиот натпревар, додека Гудме во реваншот од данската осминафинална пресметка го победи Алборг со 32-24 и ја надомести негативата од 28-30 од првиот дуел.

Претходно пласман меѓу осумте најдобри европски ракометни екипи обезбедија Кил, ПСЖ, Барселона, Висла Плок, Магдебург и Киелце.

Четвртфинални двојки се ПСЖ – Кил, Барселона – Гудме, Магдебург – Висла Плок и Киелце – Веспрем. Првите натпревари се на програмата на 10 и 11 мај, додека реваншите една недела подоцна. Фајнлфорот ќе се игра на 17 и 18 јули во Келн.

OhridNews